Товарен брод со 14.600 овци, се преврте близу Констанца – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 11:25 AM

Товарен брод со 14.600 овци, се преврте близу Констанца

Голем товарен брод кој носел  14.600 овци се преврте во неделата утрото по тргнувањето од пристаништето Миди, близу Констанца, во Црното Море.

Членовите на екипажот, 20 Сиријци и еден Либанец, беа спасени, заедно со 32 овци, изјави потпаролката  на службите за спасување, Ана-Марија Стоица.
„Спасувањето на животните се’ уште трае. Се надеваме дека овците кои се се’ уште во внатрешноста на бродот се уште живи“, изјави таа.
Спасувачите, заедно со војската, полицијата и нуркачите, се обидуваа да го исправат бродот и да го вратат во пристаништето.

Романското сточарско и извозно здружение,„ Ацебоп“, повика на итна истрага.
„Нашето здружени е згрозено од оваа несреќа. Ако не можеме да го заштитиме добитокот во ваквите долги транспорти тогаш треба да ги забраниме“, изјави претседателот на здружението, Мари Пана.

Габриел Паун од невладината „Животните интернационално“ вели дека бродот бил преполн. Тој додаде дека за бродот знаел дека има и проблеми со моторот претходниот декември.
„Истрага мора да има, без одложување“, побара тој.

Романија и’ се придружи на Европската Унија во 2007 година и се’ уште е една од најсиромашните земји во Унијата. Таа е трета најголема сточарска земја, после Британија и Шпанија, а е главен извозник пред се’ за централна Европа.

Активистите ги нарекоа транспортните бродови „бродови на смртта“ во кои овците можат живи да бидат испечени во текот на жешките летни месеци.
Околку 100 бродови отпловуваат од пристаништето Миди секоја година.