Министерството за култура не знаело дека „Шверцери“ ќе слават во МНТ – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 10:48 AM

Министерството за култура не знаело дека „Шверцери“ ќе слават во МНТ

„Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настана – свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група“.

Ова е кратката содржина на соопштинието од Министерството за култура во врска со скандалот што се случил во Македонскиот народен театар во петокот вечерта, кога во новиот објект наменет за културата и уметноста и вреден 40 милиони евра, навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шпупи“ славела три децении постоење, при што недолично се однесувала и направила штети.