Дадилката што тепаше дете земала плата од 30.000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/19 9:35 PM

Дадилката што тепаше дете земала плата од 30.000 денари

Година и половина работела кај скопското семејство дадилката, која неделава претепа двегодишно дете во игротека. Мајката на детето во телевизиска изјава кажа дека била најмена преку агенција, поради лошото искуство, кое го имале со претходните дадилки. За инцидентот, мајката дознала од видеото, по што децата сами кажале што се случило. Мајката вели дека сите три деца се трауматизирани и си ги бараат родителите.

Инаку, за својата работа, дадилката добивала по 30.000 денари плата.