Обвинтелите од Специјалнота јавно обвинителство (СЈО) да дадат оставки и да ги вратат парите на народот, побараа од Граѓанската организација ЦИВИЛ. На денешната прес-конференција, на која организацијата одбележа и 20-годишен јубилеј, претседателот Џабир Дерала изјави дека ЦИВИЛ ќе покрене иницијатива за враќање на бонусите што ги зеле Катица Јанева која е во домашен притвор за случајот „Рекет“, за сите останати обвинителите, како и за вработените во оваа институција.
Претходно и ВМРО -ДПМНЕ побара обвинителите да ги вратат парите, иако нагласија дека се сомневаат Јавното обвинителство ќе отвори случај и ќе спроведе темелна истрага поради сомнеж, како што велат оттаму, дека е продолжена рака на власта. Сепак, ЈО вчера соопшти дека ќе ги испита сите околности и факти за исплатата на платите и додатоците, и доколку се утврди дека има основано сомневање за извршено кривично дело ќе се постапи согласно законот.
„Ваков скандал и доделување енормни суми како дополнителни додатоци не се случил во изминатите две децении. Корупцијата го достигна врвот“, рече претсетдателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
(Локално)