25-годишната женка наречена Иман умре вчера во 17:35 часот по локално време откако боледувала од рак. Последниот мажјак на суматранскиот носорог со име Там почина во мај годинава.
„Умре со природна смрт, а како причина се смета шкот“, изјави Сабах Стате, министерка за туризам, култура и животна средина и додаде дека на оваа женка носорог ѝ била пружана најдобрата нега и внимание откако била фатена во март 2014 година.
Инаку, во минатото суматранските носорози живееле низ цела Азија. Но сега се речиси исчезнати па се верува дека во светот се останати помалку од 100, а некои песимистични проценки наведуваат бројка од 30, така што видот е критично загрозен. Живеат на островите на Суматра и Индонезија.
Главните причини за изумирањето на сумтранскиот носорог се ловот и губењето на природните живеалишта. Во светот сега постојат само пет видови носорози, од кои две се во Африка и три во Азија.