Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е изведување на геодетски и геомеханички истраги, кои ќе продолжат на 25 и на 26 ноември.
СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.