Боливиската полиција синоќа со солзавец растера голема погребна поворка што прерасна во антивладин протест. Илјадници луѓе кои ги носеле телата на петмина убиени во судирите во вторникот демонстрираа против властите. Инцидентот се случил во градот Ел Алто, во близина на главиот град Ла Паз, во кој живеат приврзаници на доскорешниот претседател Ево Моралес кој е во егзил во Мексико.
Боливија е погодена од тешка политичка криза од претседателските избори на 20 октомври, на кои, според оцената на Организацијата на американски држави, имало големи нерегуларности.
Моралес поденсе оставка на 10 ноември под притисок на демонстрантите и армијата, по што замина во Мексико, но неговите приврзаници не ја прифаќаат преодната влада.Самопрогласената претседателка Ањес завчера соопшти дека планира да распише нови избори.
Во протестите во изминатите 30 денови загинаа најмалку 30 луѓе.