Мајкл Блумберг (70), милијардерот и демократ, синоќа предал кандидатура за претседателската трка до Федералната изборна комисија, па сега може да почне да собира средства за кампањата.
Негов соработник синоќа изјави дека конечната одлука за кандидатурата не е донесена. Блумберг сигнализираше дека може да биде дел од предизборието во Демократската партија навестувајќи дека, според него, досегашните 20 кандидати се слаби. Ако влезе во трката, веројатно ќе мора да се откаже од неколку држави каде негови потенцијални противкандидати веќе се со месеци таму водат кампања. Блумберг веќе се регирстрираше за избори во Алабама, Арканзас и Тексас.