ТВ21: Жената која тепаше дете во игротека приведена – одреден 30 дневен притвор – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/19 8:07 PM

ТВ21: Жената која тепаше дете во игротека приведена – одреден 30 дневен притвор

Јавноста е згрозена откако се појави видео снимка на која се гледа како жена, која е ангажирана да чува деца како бејбиситерка, тепа мало дете. Настанот се случил денеска во игротека во кафе барот „Дежа ву“. Според информациите на ТВ21, жената е приведена, и надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор. Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. Трите деца и жената се од Аеродром. Приведена е околу 17:30 часот, а случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката Дежаву, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

ТВ21