Коалицијата сите за правично судење на Фејсбук ја објави пресметката на судските трошоци за одбраната на обвинетиот Никола Груевски кои што државата ќе треба да ги исплати поради тоа што настапи застареност на кривичното гонење во предметот „Траекторија“.
Според нивната пресметка сумата која би требало да биде исплатена околу 9500 евра.
Во случај на застарување на делото, судските трошоци на обвинетиот, во случајов Груевски, ги плаќа државата.
Пресметката ја направи Коалицијата „Сите за праведно судење“, ориентационо врз основа на мониторираните рочишта за главната расправа од предметот „Траекторија“. Биле одржани 36 рочишта, а Груевски од декември 2017 до декември 2018 имаше бранители по сопствен избор, а од декември до застарување на делот од судот му беше назначен адвокат по службена должност.