Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/19 4:29 PM

Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

Извештајот објавен во “Melbourne Institute Worker Paper”, покажа дека постарите од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена или помалку.

Истражувањето е спроведено на 3.000 мажи и 3.500 жени кои одговорија на прашања за своите работни навики, решавајќи когнитивни тестови и донесувале заклучоци.

Тоа значи дека морале да читаат наназад, на глас и да ги спојат броевите со буквите за одредено време. Задачите ги решавале многу лесно до 25-тиот работен час, а потоа се послабо.

Изненадувачки е дека луѓето кои се во пензија, како и невработените, постигнуваат подобри резулати на когнитивните тестови на интелегенција од оние кои работат повеќе од 55 часа неделно, а стандардното работно време е 40 часа неделно.

„Бизнисот е всушност меч со две острици. Од една страна може да го стимулира мозокот, а од друга страна долгото работно време може да предизвика стрес и потенцијално да ја ослабе когнитивната функција“, нагласи еден од авторите на истражувањето Колин Мекензи.

Извор: denar.mk