Средношколците од регионалниот електро-машински училишен центар денеска засадија дрво во училишниот двор, во чест на сеќавање на нивниот соученик Седат Мустафа, кој лани на пешачкиот премин беше прегазен од возач.
Директорот на Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов истакна дека учениците со денешнава активност и литературната творба за 15-годишниот Седат сакаат да упат порака до возачите за поголема безбедност на пешаците и на учениците пред училиштата.
-Со изградбата на новиот кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“ е подобрена безбедноста на учениците, еве во тек е јавна набавка за поставување ограда пред училиштето, со што мислам дека уште повеќе ќе ја зголемиме безбедноста на нашите ученици, вели Павлов.
Мазглим Мустафа татко на 15-годишниот Седат денеска беше во училиштето кој со многу емоции истакна дека полошо нема од загубата на неговиот син. Не е задоволен од пресудата што ја доби возачот, кој, како што рече, не застана на пешачкиот премин, додека Седат поминувал со своите сокласници.
-Неговите другари се сеќаваат. Не сум задоволен од казната, најмалку требаше 15 години, а не пет и пол години, потоа брзо возел, а другото возило како застанало, вели Седат.
Штипското електро-машинско училиште денеска настанот го ораганизираше во рамките на денот на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи, а присуствуваа наставници, претставници од општината и од Полициската станица-Штип.