Американската амбасадорка Брнс, во посета на УГД – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/19 3:30 PM

Американската амбасадорка Брнс, во посета на УГД

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс, денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде оствари средба со ректорот на Универзитетот и одржа предавање пред студентите од правен и економски факултет. Ваквата посета, ректорот Блажо Боев, смета дека е добра насока за зацврстување на релациите на универзитетот со амбасадата на САД во државава.

„Средбата беше во насока на подобро запознавање за она што е и што претставува универзитетот, каква е структурата, какви кадри продуцираме и кои области од науката се застапени на универзитетот. Таа искажа големо интересирање во поглед на тоа што и како работиме и какви се нашите идни планови за развој“, вели ректорот Боев.
Боев смета дека ова е одлична прилика за студентите да учат од искусен дипломат, но и да се информираат за можностите за студирање и за неформално образование во САД.

На предавањето пред студентите, таа зборуваше за економијата, евро-атланските интеграции на земјава и за иселувањето на младите.