Втор ден од СДСМ молчат за ослободувањето на Катица Јанева и вдомувањето кај нејзиниот син Лазар Јанев, кој исто така е под кривична пријава од оштетен во случајот Рекет, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Зоран Заев лично ја извади Катица Јанева од затвор, се со цел да не пропее и да не ја разоткрие целата шема на рекетирање во која директно е вмешан политичкиот врв на СДСМ. Русковска обвинителството и Кацарска судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека пак Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна. Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор, истакна Арсовски.
Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите, потенцираше Арсовски.
-Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот Рекет се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски. Целта на ваквата аматерска истрага е да Вилма Русковска го заштити Зоран Заев од криминалниот случај за рекетирањето каде што најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека се вмешани политичари од СДСМ и на крај се испостави дека се што говоревме од оваа говорница е точно и е така. Ослободувањето на Катица Јанева и уште 1000 други криминалци претходно во изминативе 2 години откако е СДСМ на власт е доволен показател дека власта, Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и сите останати се во длабока спрега и коалиција со криминалот и тоа мора да се казни. Одговорност за ваквото однесување на Обвинителството и Судот мора некој да сноси, вели Арсовски.