Игор Спасов работи како платеник во Авганистан – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/19 1:29 PM

Игор Спасов работи како платеник во Авганистан

Додека македонските власти го бараат по меѓународна потерница, бегалецот Игор Спасов, кој издржуваше казна затвор за убиството на Мартин Нешковски, се наоѓа во Авганистан. Таму, според извори на Канал 77, Спасов работи како платеник за некоја од бројните странски компании, кои се ангажирани на воспоставувањето на мирот во таа држава. Ова се непотврдени информации,  според кои, само е завршена целосната операција на напуштање на државата и обезбедување на Спасов. Тој од неговиот дом од Штип, со помош на негови поранешни колеги – полицајци преку диви премини ја напуштил државата, а потоа под лажен идентитет, заминал во Турција, од каде преминал во Авганистан, каде како поранешен специјалец нашол работа во странските компании што работат на терен.

Во исто време, според овие инфромации, речиси по ист терк, земјата ја напуштил и телохранителот на Сашо Мијалков, кочанчанецот Драганчо Стоименов (Дацо Белски), кој деновиве исто така побегнал. Стоименов беше во куќен притвор за делото обид за убиство.