Зидан донесе необична одлука по новиот испад на Бејл – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 4:33 PM

Зидан донесе необична одлука по новиот испад на Бејл

Герет Бејл одлучи синоќа да ги провоцира навивачите на Реал Мадрид. Тој по победата на Велс над Унгарија со 2-0 и плсманот на ЕП, прослвави со знаме на Велс на кое пишуваше:

„Велс – Голф – Мадрид, со тој ред“

Навивачите на „кралевите“ ова го примија како провокација, односно дека за Бејл клубот е на последно место, па дури и зад голфот кој сака да го игра. Иако сите во Шпанија очекуваат дека поради овој потег тренерот на Реал, Зинедин Зидан ќе го казни, тоа нема да се случи.

Французинот реши да не одговара на овие провокации од Бејл и не сака да прави никакви поделби внатре во тимот пред продолжение од сезоната.

Зидан добро знае дека сите поделби и недоразбирања во тимот и тоа како може да влијаат на остатокот од сезоната во која Реал и понатаму има големи цел.

Извор: sportclub.mk