Facebook добива конкуренција? Основачот на Wikipedia лансираше нова социјална мрежа – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 3:58 PM

Facebook добива конкуренција? Основачот на Wikipedia лансираше нова социјална мрежа

Илјадници се регистрираа на мрежата на основачот на Wikipedia, Џими Велс, кој соопшти дека неговата “WT: Social” сега има повеќе од 160.000 членови и се „заканува“ да стане нов ривал на популарниот Facebook.

Новата мрежа собра повеќе од сто илјади претплатници за само 48 часа, а Велс вели дека луѓето масовно се регистрираат.

Како што изјави, платформата нема да ги продава корисничките податоци и се потпира на поединци, а не на реклами. Оние кои се регистрираат на WT: Social се додаваат на списокот на чекање, а од нив се бара да се јават на други корисници или да изберат да платат за претплата.

Велс вели дека неговата платформа е фокусирана на вестите, а членовите на мрежата ќе можат да уредуваат наслови. Корисниците можат да гледаат статии во формат на временска рамка. Прво, се појавуваат најновите написи, а не алгоритмички, за да се следат интересите на претплатниците.

„Ве охрабруваме да направите сопствен избор за содржината која ви е сервирана, директно да уредувате наслови. Ние ќе ја поттикнеме средина во која се елиминираат лошите актери, бидејќи тоа е исправно“, изјави Велс.

Во неодамнешното интервју за Financial Times, основачот на Wikipedia го оцени како исклучително проблематичен моделот на работење на големите социјални мрежи кои се насочени кон рекламирање.

„Излезе дека голем победник е неквалитетната содржина“, изјави тој.

Велс во 2017 година, лансираше новинска платформа наречена WikiTribune со цел решавање на проблемите со лажните вести.

Претплатата на WT: Social изнесува 12 долари месечно или 90 евра годишно во Европа, а 13 долари месечно и 100 долари годишно во САД. Додека многумина ја фалат идејата на Велс за нова платформа, други го критикуваат велејќи дека нема да успее затоа што луѓето се навикнати да имаат сервирани бесплатни вести.

Извор: denar.mk