Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 3:52 PM

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Судскиот совет на Република Северна Македонија најостро го осудува однесување на јавната обвинителка Вилма Рускоска и смета дека е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

Од Судскиот совет на Република Северна Македонија во денешното соопштение наведуваат дека како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

-Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Рускоска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува:

– Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;

– Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;

– Злоупотреба на правата во судска постапка;

– Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и

– Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РСМ.