Благој Бочварски избран за претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 3:40 PM

Благој Бочварски избран за претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион

– Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е избран за нов претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион. Градоначалниците на денешната 11-та седница на Советот едногласно го избраа Бочварски, кој во наредните две години ќе раководи со ова тело. Забележа дека ќе продолжи да ги трасира политиките и проектите што се во интерес на Брегалничкиот регион.

-Јас мислам дека сме доста искусни сите да препознаеме значајни проекти и да им даваме поддршка на тие проекти за поефикасна реализација. Веќе сме две години поискусни на овие позиции можеме сите да си помогнеме. Ова е едно место коешто формално ќе го водам како претседател на Советот, но сите барам да дадеме придонес, затоа што тоа го правевме и досега, вели Бочварски.

Во текот на изминатите две години Советот на градоначалници на Источно планскиот регион го раководеше, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој пред своите колеги истакна дека за овој период се реализирани или во тек се 21 регионален проект. На овој состонакот беше покрената иницијатива, Источно планскиот регион заеднички до Владата да го достави проектот за изградба на ски центар Царев врв, за што веќе има студија. Овој центар опфаќа вкупно пет општини од Источниот и Североисточниот плански регион, а според студијата проценката за негова изградба е околу 20 милиони евра.

МИА