Дебито на Хонгкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 3:37 PM

Дебито на Хонгкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари

Побарувачката за акции на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba достигна околу 12,9 милијарди американски долари на иницијалната јавна понуда на Хонкошката берза, објави Reuters.

Тоа е највредниот листинг во тој град во последните девет години и светски рекорд за една прекугранична секундарна јавна понуда, пренесува Reuters.

Во соопштението на Alibaba се наведува дека компанијата ја утврди цената на 176 хонгкошки долари (22,49 американски долари) по акција, што е за 2,9 проценти намалување во однос на цената на затворање на Њујоршката берза.

Тоа значи дека Alibaba со планираниот обем на емисии ќе собере најмалку 88 милијарди хонкошки долари (11,3 милијарди американски долари), наведува британската агенција.

Меѓутоа, доколку компанијата ја примени таканаречената „greenshoe“ опција, односно одредбата во договорот за IPO која му дозволува на инвеститорот да продава повеќе акции отколку што планирал доколку интересот биде поголем од очекуваниот, дебито на Alibaba на Хонгкошката берза би можело да достигне вкупен износ до 12,9 милијарди американски долари.

Компанијата Alibaba, исто така, како ознака за своите акции го избра берзанскиот код “9988”, кој ги комбинира двата најсреќни броеви во кинеската култура и кои заедно го симболизираат долгорочниот просперитет.

Извор: denar.mk