Жител на Вратница почина додека заедно со мештаните од ова село вчера ја бранеа Вратничка река – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/19 4:59 PM

Жител на Вратница почина додека заедно со мештаните од ова село вчера ја бранеа Вратничка река

Жител на Вратница почина додека заедно со мештаните од ова село вчера ја бранеа Вратничка река за каде има најавено дека ќе се гради хидроцентрали.

Од Месната заедница велат дека нивниот соселанец најверојатно починал од удар по големиот стрес кој како и сите мештани го имал поради најавата за изградба на хидроцентрали на Вратничка река.

И жителите од околните села како Орашје, Рогачево и Старо Село се против изградбата на хидроцетралата, која како што велат ќе им ја пресуши реката.

Од Трибека Хидро кој се јавува како инвеститор на една од најавените хидроцентрали, велат дека реката ќе се искористи на еколошки начин и нема да има никакви негативни ефекти врз животната средина, затоа што се работи за производство на струја од извор кој не загадува.

Од Месната заедница од Вратница за четврток најавија средба со премиерот Зоран Заев кој ќе го информираат за како што велат штетите кои ќе ги предизвикаат хидрицентралите доколку се  изградат.