Холандија планира да ја намали дозволената брзина на автопатите од 130 на 100 километри на час во обид да ги намали емисиите на стаклени гасови, пренесува Financial Times.
Со оваа мерка, Холандија и официјално ќе стане земја со најмала дозволена брзина во Европската унија.
Премиерот на државата, Марк Руте, изјави дека владата на Холандија ќе преземе непопуларна мерка и дека така ќе ги намали емисиите на азотни гасови која ги произведува сточната индустрија како би постигнала еколошки цели. Во спротивно, Руте наведува, многу холанѓани би останале без работа „пред Божиќ“.
Автомобилите ќе можат да возат со сегашното ограничување на брзината помеѓу 7 часот навечер и 6 часот наутро.
Судовите во Холандија забранија изградба на 18.000 инфраструктурни проекти и околу 75.000 домови најавени за следната година, бидејќи државата досега не беше во можност да го намали загадувањето под својата годишна цел.
Слични мерки насочени кон гасовите кои ги произведува сточното производство претходно беше активатор за масовните протести на земјоделците, со кои се предвидува дека својот добиток мораат да го хранат со храна со помалку протеини.
Извор: denar.mk