Властите во Виетнам им понудиле кредити на семејствата на жртвите пронајдени во камионот-ладилник во Велика Британија за да ги покријат трошоците за транспорт на посмртните останки, пренесува ББС.
Некои од роднините изјавиле дека виетнамските власти им се обратиле со прашалник за согласност. Семејствата имале можност да замат заем од Владата или самите да ги покријат трошоците за транспортот.
Како што е познато, минатиот месец светот го потресе веста за страшната смрт во камион-ладилник на 39 мигранти од Виетнам во близина на Лондон.