Отворен ден во ПроКредит банка – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/19 11:16 AM

Отворен ден во ПроКредит банка

ПроКредит Банка Ве поканува на отворен ден во вторник на 26ти ноември во 15 часот во Централната управа на банката.

Отворениот ден нуди можност за сите кои се заинтересирани да започнат кариера во ПроКредит Банка, да дознаат повеќе за мисијата на банката, деловната етика на банката, вредностите кои ги негуваме, нашата еко стратегија.

Отворениот ден е одлична можност во директен разговор и дружба со нашиот тим да ги  слушнете советите како полесно и правилно да се интегрирате во процесот на вработување на ПроКредит Банка – Onboarding програма. Кои вештини и знаења се потребни за да започнете кариера во ПроКредит Банка и како да постигнете успех во областа за која сте заинтересирани.

На отворениот ден можат да се пријават сите заинтересирани кои имаат завршено високо образование или апсолвенти на било кој факултет.

Доколку и Вие сакате да присуствувате, пријавете се со испраќање на CV на слeднава е-маил адреса job@procreditbank.com.mk

За повеќе детали тука