Петгодишно дете во една детска градинка во Масачусетс, САД, донело вреќичка со кокаин, пишува „НБЦ њуз“.
Воспитувачката во градинката била шокирана кога детето и рекло дека става од правот во устата и од тоа се чувствува како Спајдермен. На вреќичката со кокаин имало слика од Спајдермен.
Воспитувачката веднаш го известила директорот на градинката, а тој, пак, полицијата. Иако вреќичката не била отворена, полицајците детето превентивно го однеле на преглед во болница, а потоа заминале во неговиот дом. Таму го затекнале таткото на петгодишното дете Бени Гарсија, а во куќата пронашле 38 пакувања со коканин и 70 со хероин.
Таткото, кој веќе бил баран поради обвиненија поврзани со наркотици, е уапсен. Во куќата имало уште едно помало дете и тоа, заедно со петгодишникот, биле однесени кај надлежни социјални служби.