Националната конференција насловена „Проценка на напредокот на РСМ во спроведување на јавните политики кон ромската заедница” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики, Суад Скендери, Никола Бертолини од делегацијата на Европската Унија, Неда Коруновска, програмска менаџерка ОСФ – РИО…
Главна цел на националната конференција, како што се посочува, е да поттикне дебата меѓу различните општествени чинители и да даде конструктивен критички осврт за спроведувањето на јавните политики за Роми во нашата земја..
МИА