Во Црвеното Море јеменските Хути киднапирале три брода – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/19 7:04 AM

Во Црвеното Море јеменските Хути киднапирале три брода

Јеменските Хути вчера киднапирале три брода во Црвеното Море, од кои едниот и’ припаѓал на Саудиска Арабија, а чии биле другите не е соопштено. Трите брода се одвлечени во пристаништето Салиф, јавуваат тамошните медиуми.

Претходно беше соопштено и дека Хутите киднапирале брод што пловел кон нафтена платформа на Јужна Кореја.