Ако избереме чоколадо со висок процент на какао и ако ова благо редовно го јадеме и во умерени количини, би можело да ни помогне да спречиме разни болести.
Кога станува збор за кардиоваскуларното здравје, резултатите од една студија покажаа дека мажите кои редовно јадат црно чоколадо (во просек 63 грама неделно) имаат за 17 процент помал ризик од мозочен удар.
Истите научници врз основа на резултати од претходни истражувања, утврдија дека овој ефект важи и за жените, и дека мажите и жените кои редовно јадат црно чоколадо имаат за 19 проценти помал ризик од мозочен удар. Покрај тоа, со секои дополнителни 50 грама црно чоколадо неделно, ризикот од мозочен удар се намалува за 14 проценти.
Извор: denar.mk