Шестмесечна затворска казна за таткото на Боки 13 – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/19 12:17 PM

Шестмесечна затворска казна за таткото на Боки 13

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска е осуден на затворска казна од шест месеци, откако беше обвинет за физички напад врз свештеникот, Виктор Стојчев. Јовановски на претходното рочиште призна вина, а денеска при изрекување на пресудата  во Кривичниот суд во Скопје, тој не присуствуваше.

Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев поради расправија за паркинг место.

-Пред својата куќа заедно со неговите две малолетни лица и сопругата, оштетениот забележал дека патничко моторно возило БМВ е паркирано пред влезот од дворот, па откако ја употребил сирената и неговата сопруга заѕвонила кај обвинетиот, сведокот Бојан Јовановски, син на обвинетиот Миле Јовановски, излегол и го поместил возилото, по што настапила меѓусебна вербална расправија околу паркираното возило. Откако оштетениот со своето возило се паркирал во својот двор, обвинетиот кој ја слушнал расправијата излегол од домот и влегов во дворот на оштетениот. Се доближил до возилото на оштетениот, ја отворил левата врата од возачкото седиште и со десната рака го удрил со тупаница оштетениот во пределот на лицето. Откако оштетениот излегол од возилото продолжил да го удира со нозе во пределот на левата нога ис о рацее во пределот на вратот. Од ударите оштетениот паднал на земја, а обвинетиот паднал врз него и продолжил да го удрира, а од ударите оштетениот се здобил со тешка телесна повреда. Со овие дејствија, обвинетиот Миле Јовановски сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ – образложи судијката Александра Ристеска на денешното судско рочиште.

Таа  посочи дека Јовановски се задолжува и да ги надомести кривичните трошоци на оваа постапка, кои ќе бидат писмено образложени.

Судот ги ценеше и олеснителните и отежнителните околности –  изјави Ристеска, според која олеснителна околност е тоа што Јовановски доега не бил осудуван. Неговата адвокатка пак, Јелена Симиќ најави дека ќе се жали на пресудата.