Сергеј Чемезов, директор на рускиот „Ростек“, потврди дека Индија извршила уплата на 800 милиони долари како аванс за испораката на противракетниот систем С-400. Истакнал и оти преговорите се во тек и дека сите точки од договорот ќе бидат исполнети до 2025 година.
Договорот за испорака на рускиот ракетен систем С-400 беше потпишан на маргините на посетата на рускиот претседател Путин на Индија лани.