JП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 331 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 11.11. до 17.11.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 182 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 149 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците – велат од Претпријатието.