Премиерот, Зоран Заев вели дека за пределите каде што има започнато иницијатива да се прогласат за заштитени подрачја владата ги стопира плановите за изградба на хидроцетнрали. Во тој случај, според Иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка, под итно треба да се поништи решението за градба на централа во месноста Лешница на Шара, предел кој е во процедура за прогласување на Национален парк.
Премиерот, Зоран Заев при посетата на Тетово рече дека со цел заштита на животната средина владата ги стопира градбите на хидроцентралите во пределите каде што има започната иницијатива да се прогласат за заштитени подрачја
Од Иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка, не веруваат во ваквите искази на Заев, затоа што на Шара масовно се градат хидрицентрали во пределите каде што според најавите на властите треба наредната година да се прогласат за заштитени зони.
На Шара речиси секоја река си доби по неколку хидроцентрали, на сметка на бујната вегетација.
Зоран Димовски