Во организација на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка” – Скопје денеска ќе се одржи семинар на тема „Стратегии за контрола на однесувањето кај децата со аутистичен спектар на нарушувања”.
Во рамки на овој семинар, соопштуваат организаторите, учесниците ќе имаат можност да го разберат однесувањето на децата со аутизам кое произлегува од нивните карактеристики, ќе стекнат вештини за анализа на однесувањето и ќе се запознаат со одредени стратегии за справување со однесувањето.
Што е тоа предизвикувачко однесување?; Функционалната анализа на однесувањето; Стратегиите за справување, се дел од темите кои ќе бидат обработени на семинарот.