Украинската безбедносна служба9 СБУ) вчера објави дека го затворила заменикот на Абу Омар ал-Шишани, човек што се смета за „министер за војна“ на Исламската држава. Тој лани влегол во Украина со лажен пасош.
СБУ соопшти дека го привела Абу Бар Шишани, инаку грузиски државјанин, во заедничка операција со грузиското министерство за внатрешни работи и американската Централна разузнавачак агенција (ЦИА). Во соопштението се додава дека фотографијата на Ал Бар Шишани, која агенцијата ја поседува, е доказ дека уапсениот странец е навистина бараниот водач на Исламската држава.
Грузиската служба за безбедност потврдила дека Шишани (Чеченец) е уапсен близу Киев. Неговото родено било Цезар Токхосашвили.
Грузиецот пристапил на Исламската држава во 2015 година и бил заменик на Абу Омар ал-Шишани, кој е убиен во судирите пред три години. САД нудеа пет милиони долари за информации за него.