Време: За викендот суво и топло до 20 степени, од понеделник до среда дожд – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/19 6:51 AM

Време: За викендот суво и топло до 20 степени, од понеделник до среда дожд

Умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура во Гевгелија ќе достогне до 20 степени, во Штип – 18, Скопје и Битола – 16, Охрид – 14. Слично време со максимална температура до 20 степени се очекува и утре.

Од понеделник до среда, пак, се очекуа променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. В понеделник максималната температура треба да достигне до 20, во вторник до 19, а в среда до 18 степени.