Ана Стојановска и Теодор Волкановски државни прваци во пинг понг во конкуренција на средните училишта – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/19 6:42 AM

Ана Стојановска и Теодор Волкановски државни прваци во пинг понг во конкуренција на средните училишта

Во СОУ Јосип Броз Тито во Битола под покровителство на Федерацијата за училишен спорт и во техничка организација на Пинг понг федерацијата на Македонија се одржа државното првенство за средни училишта. На првенството учествуваа повеќе од 40 натпреварувачи од средните училишта од Македонија.

Кај средношколците првиот носител и фаворитот за првото место Дамјан Стојчев од Свети Николе беше поразен во полуфиналето од Даниел Зхоу Главевски ученик во гимназијата Ј.Б. Тито. Домашниот терен на Главевски се покажа како предност и за прв пат во меѓусебните дуели успеа да го совлада Стојчев со 3:0 (13:11; 11:8; 13:11) во крајно драматичен и неизвесен натпревар. Во другото полуфинале Теодор Волканоски со 3:1 славеше против Леонид Гошев.

Главевски и Волканоски во финалето го одиграа најдобриот натпревар на турнирот кај средношколците. Првите два сета му припаднаа на Волканоски со идентичен резултат со 11:9, за потоа Главевски понесен од спектакуларното навивање од неговите соученици, навивање кое ретко се гледа на пинг понгарските натпревари успева комплетно да се врати во натпреварот добивајќи ги третиот и четвртиот сет со резултат од 12:10. Кога се доби впечаток дека Главевски ќе направи комплетен пресврт, добро отворајќи го резултатото во петтиот решавачки сет, Волкановски беше подобро концентриран и играше без грешка за на крај да слави со 3:2, со што заслужено го освои златниот медал. Во натпреварот за третото место Стојчев беше подобар од Гошев со 3:0

ПЛАСМАН Средношколци

  1. Теодор Волканоски
  2. Даниел Зхоу Главевски
  3. Дамјан Стојчев

Кај средношколките пред почетокот три натпреварувачки беа фаворитко за златото, Ива Димитриевка, Ана Стојановска и Бојана Михајловска. На крајот на златото му се радуваше Ана Стојановкса која во финалето со 3:0 славеше против Бојана Михајловска. Михајловска и Димитриевска го одиграа најдолгиот натпревар на првеството. Во полуфиналето Михајловска со 3:2 славеше во натпреварот со Димитриевска. Во другото полуфинале Стојановска беше подобра од Добринка Сотирова.

Во борбата за третото место Сотирова ја совлада Димитриевска.

ПЛАСМАН Средношколки

  1. Ана Стојановска
  2. Бојана Михајловска
  3. Добринка Сотирова