Граѓаните бараат да профункционираат семафорите на крстосницата за Брвеница – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/19 5:06 PM

Граѓаните бараат да профункционираат семафорите на крстосницата за Брвеница

Во Тетово, активисти од невладината група Арт Активизам поставија печатени известувања со нацртани семафори на крстосницата на булеварот „Илинден” со регионалниот пат Р2233 кој води кон Брвеница. Нивната цел беше да ја алармираат општината и јавноста за долготрајниот период во кој не функционира оваа светлечка сигнализација. Активистите предупредуваат дека поради состојбата има чести сообраќајки на тоа место.

-Семафорите на улица „Илинденска” се надвор од функција подолго време, а, пак, општината не презема никакви мерки за регулирање на собраќајот во овој дел на градот. Како последица на нефункционирањето на семафорите се случиле голем број на сообраќајни несреќи. Пред два дена на истото место имаше тешка собраќајна несреќа, во која за среќа, немаше жртви. Можеби семафорот изгледа убаво како декорација, но сепак ова не е причината за неговото постоење. Кога еден семафор не работи е исто како да не е ставен на тоа место. Каде се локалните власти и зошто даночните обврзици не го добиваат тоа што го заслужуваат – велат од Арт Активизам.

Во непосредна близина на крстосницата се наоѓаат објектите на Универзитетот во Тетово, како и средното медицинско училиште „Никола Штејн.