Германија сепак избегна рецесија – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/19 4:46 PM

Германија сепак избегна рецесија

Сега е и официјално – Германија сепак ја избегна рецесијата. Поточно, германскиот БДП во третиот квартал порасна за 0,1 процент. На годишно ниво во тромесечјето од јули до септември, се забележува раст од половина процент.

Од германската канцеларија за статистика, ги влошија податоците за вториот квартал, но донекаде позитивно го ревидираа податокот за БДП во првиот квартал.

Германскиот министер за економија, Петер Алтмајер порача дека закрепнувањето на германската економија останува многу кревко, иако засега е избегната рецесија.

Извор: denar.mk