На 13.11.2019 во 17.30 часот во СВР Штип, Г.Д.(52) од Куманово пријавил дека околу 11.00 часот, додека бил на работа во испитна комисија во Сообраќаен центар во населбата „8-ми Ноември“ во Штип, физички бил нападнат од едно лице.
Според пријавеното, тој бил нападнат откако завршило полагање и на една кандидатка и кажале дека не положила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.