Само десет минути откако дознала дека повеќе нема рак, Британката Лени Прис (55) добила уште една шокантно убава вест за фасцинантна добивка на лото.
Работничката во пералница за алишта и мајка на три деца неодамна го доживеала најсреќниот ден од животот, пишува „Сан“.
Додека седела дома, и’ пристигнало писмо од болницата во кое пишувало дека конечно и’ е излечен ракот на дојката. Само десет минути подоцна, низ вратата „влетал“ и нејзиниот сопруг, викајќи на цел глас дека освоиле еден милион фунти (нешто повеќе од еден милион евра) на лотарија.
„Бев во тотален шок. Се стресев, немав зборови што, инаку, ретко ми се случува. Отидов во бањата и во водата лежев два часа да се сконцетррам по сето она убаво што ми се случи“, раскажува среќната жена која заболела од рак пред четири години.