Одобрена првата вакцина против ебола – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/19 12:10 PM

Одобрена првата вакцина против ебола

Одобрувањето на првата вакцина против ебола претставува голем чекор за земјите кои се со висок ризик за зараза.

По 48 часа откако Европската Комисија даде овластување за маркетинг на вакцината, светската здравствена организација објави дека таа ги исполнува стандардите за квалитет, сигурност и ефикасност.
Тедрос Адханом, генералниот директор на СЗО, одобрувањето на вакцината го нарече историски чекор за помош на луѓето на кои им е најпотребно да имаат достапност до оваа вакцина.
„Пред пет години немавме вакцини и лекарства за ебола. Со ваквата вакцина и експериментални лекарства, болеста сега може да се превенира и да се третира“, изјави Адханом.

Еболата може да се пренесе преку контакт со крв или други телесни течности од инфицирана личност, и иако е ретка, најголем број од случаите се фатални. Смртноста на оние кои биле заразени со ебола, според СЗО, варираат од 25 до 90 отсто.

Вакцината, позната како Евербо, моментално се користи како вид на пробна вакцина во Демократска Република Конго, каде има најголем број на заразени со ебола.

Од август 2018, повеќе од 3.000 луѓе во таа земјабиле позитивни на тестирањатт. Повеќе од 2000 од нив починале.