Студент убил соученик и ранил тројца во универзитет во Русија, пред самиот да си го одземе животот, јавува руската полиција.
Државната истражна комисија изјави дека 19 годишниот студент донел ловечка пушка на предавање во Благовешенкс и пукал кон студентите, убивајќи еден и ранувајќи тројца.
Сеуште е нејасен мотивот за пукањето, бидејќи пукачот се самоубил кога пристигнала полицијата.
Универзитетот бил евакуиран а часовите прекинати.Тројцата повредени студенти се пренесени во локалната болница, а еден од нив е во критична состојба.
Полицијата го истражува нападот.