Повеќе од 400 учесници на 8. самит „Македонија 2025″ – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/19 7:55 AM

Повеќе од 400 учесници на 8. самит „Македонија 2025″

Домашни, регионални и странски експерти од областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, лидерството, иновациите и технологиите учествуваат на 8. самит „Македонија 2025″ што официјално почнува денеска, во организација на невладината „Македонија 2025″, во која членуваат бизнисмени од дијаспората.

На отворањето на самитот се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, како и на Ана Арсов, претседавачка на самитот и членка на Одборот на директори на „Македонија 2025″, Вера Ставроф, претседавачка на Одборот на директори на „Македонија 2025″ и Никица Мојсоска Блажевски, главна извршна директорка на „Македонија 2025″.

Најавени се над 400 учесници и над 15 панел-дискусии, неколку засебни тематски сесии, интерактивни настани за вмрежување. Главни теми на самитот се работните вештини и иновациите што можат да помогнат во намалување на загадувањето. Ќе се говори и за глобалните и геополитички трендови, можностите за финансирање мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформ-компании…

„Глобални геополитички трендови и импликации за регионот”, „Југоисточна Европа: раст на неизвесноста или посветла иднина”, „Иднината на работните места и вештините”, „Културата во семејните бизниси: сопственции и сите други” и „Македонски дигитални платформ-компании”, се темите на панел-дискусиите што се на денешната агенда на самитот.

Во пресрет на официјалното отворање на самитот, вчера се одржа бизнис-натпревар на средношколци, како и натпревар на стартапи.

МИА