Уставниот суд на Шпанија ја поништи декларацијата за самоопределување на Каталонија – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/19 1:10 PM

Уставниот суд на Шпанија ја поништи декларацијата за самоопределување на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија ја поништи декларацијата за самоопределување на Каталонија и му порача на претседателот на каталонскиот парламент Рогер Торент и на неговите соработници дека би можеле кривично да одговараат бидејќи дозволиле нејзино изгласување во вторникот.

Уставниот суд едногласно ја поништи изгласаната декларација и ги повика членовите на каталонскиот регионален парламент да не се обидуваат да ја игнорираат оваа одлука.
„Им препорачуваме, согласно надлежностите,  да забранат или стопираат било каква иницијатива која би можела да претставува игнорирање на ваквото поништување, бидејќи потенцијално може и кривично да одговараат“, наведено е во соопштението на Уставниот суд.

Шпанската влада, пред самото гласање во каталонскиот парламент , поднела жалба до Уставниот суд, тврдејќи дека усвојувањето на декларација за самоопределување би било спротивно на шпанскиот Устав.
Уставниот суд ја прифати жалбата.

Во каталонскиот регионален парламент во Барселона изгласана беше резолуција со која на каталонската влада и е дадено одобрение за продолжување на процесот на отцепување на Каталонија од Шпанија.