Кога се работи за сличностите и разбирањето помеѓу човекот и животните, мислењата се поделени. Некои луѓе цврсто веруваат дека животните не можат да не’ разберат и никогаш нема да не разберат, а некои го тврдат спротивното. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јеил, САД, во 2005, оди во прилог на второто тврдење.
Научниците го проучувале односот на мајмуните кон парите. Ги научиле дека определена количина пари вреди колку и определена количина овошје. Кога сфатиле дека мајмуните многу брзо учат кога се работи за пари, одлучиле да ги научат едноставни коцкарски игри, по што утврдиле дека и во тој сегмент мајмуните се однесуваат како луѓето. Исто така, покажале уште една не толку привлечна човечка особина, лакомост.
Мајмуните ја искористувале секоја прилика да украдат пари, а кога научниците пробувале да ги земат украдените пари, морале да ги подмитуваат со храна. Иако научниците очекувале вакви резултати, еден од мајмуните сепак успеал да ги изненади. Тој своите пари ги менувал за секс, а мајмунката што ги зела тие пари ги потрошила на грозје.
После овие случувања научниците се потрудиле нивното истражување да не се претвори во бордел. Без разлика на ваквиот малку смешен инцидент, научниците го докажале она што го претпоставувале. Потврдиле дека мајмуните се однесуваат доста слично со луѓето кога во прашање се пари.