Ево Моралес, претседателот на Боливија кој деновиве поднесе оставка, вчера пристигна во Мексико каде што доби азил. На аеродромот беше пречекан на аеродромот од шефот на мексиканската дипломатија.
Патувањето на поранешниот претседател на Боливија во Мексико било драматично.
Мексиканските власти преговарале со неколку јужноамерикански земји за да обезбедат безбеден лет до главниот град на Мексико.
„Пред заминувањето на авионот од Боливија, владата на Перу не’ извести дека, од политички причини, ја прекинува лиценцата за полнење гориво во Лима. Ситуацијата веќе беше многу напната”, објасни шефот на мексиканската дипломатија.
Тој додаде дека, наместо во Перу, авионот запрел во Парагвај пред да пристигне во Мексико Сити.
По доаѓањето во Мексико, Моралес ѝ се заблагодари на земјата што му го „спаси животот“.
Моралес прифати понуда за политички азил во Мексико, еден ден откако тој поднесе оставка под обвинение за изборна кражба.