Директорот на Јавното претријатие Македонија пат Беким Мемети, рече дека инвестицијата е од клучен интерес за градот затоа што се работи за булевар кој се користи за транзитен сообраќај. Тој немаше одговор дали булеварот Индустриска кој се реконструира ќе се пробие докрај.
На увид во градежните работи беше вицепремиерот Бујар Османи. Најави нови инвестициони зафати во тетовско – гостиварскиот регион.
Булеварот Индустриска беше реконструирана и пред неколку години. Но и покрај многуте најави од градските власти досега не се започнати никакви активности за пробивање на булеварот, кој завршува кај спортскиот центар, па возилата претежнно тешките товарни, цетнарот го користат како транзитен соорбаќај создавајќи дополнителни гужви и хаос во сообраќајот.
Зоран Димовски