Зачините се корисни за организмот на многу начини. Покрај тоа што на храната и даваат подобар вкус, го чуваат и нашето здравје, па би требало да им посветиме поголемо внимание во исхраната.
Притоа не треба да заборавите дека со некои мешавини на зачини во кесичките добивате и разни несакани додатоци. Затоа секој зачин е секогаш подобар сам по себе.
Цимет – има специфичен вкус, но и арома, кој секогаш дава посебен шмек на секое благо. Но, освен тоа, може да биде и одлична замена за шекерот во пијалоците, а со оглед на тоа дека подобро го регулира нивото на шекер во крвта, задолжително користете го.
Чили – Исклучително е здрав, а капсаицинот не предизвикува чир туку го спречува со уништување на штетните бактерии, па слободно користете го во исхраната колку што можете да го поднесете.
Кајенски бибер – со него ќе зачините и месо и зеленчук. Покрај лутите пиперки, кајенскиот бибер содржи капсаицин, а тој е здрав и дава малку лут вкус.
Ким – од античко време се користи како зачин и лек, а три пати побрзо помага да се стопат килограмите. Истражувањето кое го спроведоа ирански лекари, покажа дека само една лажичка ким дневно помага во слабеење и го намалува обемот на масното ткиво и нивото нa холестерол.
Ѓумбир – Наместо свеж ѓумбир, кој можете да го рендате и цедете, за да го зајакнете имунитетот, купете сув, односно мелен. Подготвен на тој начин, има уште поинтензивен вкус. Ѓумбирот го смирува желудникот, богат е со антиоксиданти и затоа е добар против многу воспалителни процеси во организмот.
Извор: denar.mk