Како настанала касичката во облик на свиња? – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/19 3:51 PM

Како настанала касичката во облик на свиња?

Долго време пред да се изградат првите банки, колку што знаеме во 15 век, луѓето обично своите заштеди ги чувале во тегли за кујна. Во тие денови кујнскиот прибор во обичните рурални домаќинства бил направен од глина наречен пиг (pygg).

Кога овие луѓе имале денар или два за да ги заштедат, ги ставале во тегла од глина.

Зборот од стар англиски за свиња бил „picga“. Зборот еволуирал во „pigge“ веројатно затоа што свињите на фармите се тркалале во кал во која имало глина и во наредните 200-300 години, глината (pygg) и животните (pigge) на крајот значеле исто.

Во 19 век, грнчарите започнале да прават „кутии за пари“ во форма на свињи. Оваа постапка ги воодушевило децата кои охрабрени почнале да штедат пари.

Поранешните модели имале само пресек во горниот дел за ставање монети и без дупка на дното, па свињата морала да се крши за да се извлечат парите.

Извор: denar.mk