Нови протести во Каталонија: Блокиран автопатот кон Франција – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/19 1:35 PM

Нови протести во Каталонија: Блокиран автопатот кон Франција

Демонстрантите во Каталонија денеска го блокираа автопатот што го поврзува тој шпански регион со Франција, предизвикувајќи застој на сообраќајот во двата правца.

На протестот повикала групата „Демократско цунами“, која ги организираше октомвриските масовни протести на аеродромот во Барселона, јавуваат агенциите.

Групата во соопштението наведува дека протестите претставуваат покана до меѓународната заедница да ја принуди шпанската држава да разбере дека тоа е единствениот начин да се седне на разговори.

АП потсетува дека најновите протести се случуваат еден ден по изборите во Шпанија, забележува.